fbpx
саб. Мар 6th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Единствена Македонија до Заев: Ич не се сеќирај за бегството на Мијалков, тука е украденото и хотелот Мериот, повели ти си на потег

Единствена Македонија го охрабрува Зоран Заев ич да не се сеќира за бегството на Мијалков, а народот ќе биде многу среќен ако Заев го спроведе тоа што го ветуваше.

Зоран Заев како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше:

Ууништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. Еве СДСМ веќе петта година има влада, а Заев нема конфискувано еден денар од украденото. Дури и бројчаникот на Заев во центарот на Скопје застаре и трокира.

Носител на грабежот од милијарди евра кај претходната власт беше токму Сашо Мијалков. Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати.

Затоа Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да почне со конфискација на хотелот „Мериот“ која е стекнат со украдени народни пари. Но, се поставува прашањето, дали тоа може да го направи власт на Заев која и самата е заглавена во грабеж, криминал, корупција и безаконие.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива