fbpx
сре. Мар 3rd, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Жугиќ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара повлекување на точката за преименување на улиците од дневен ред и организирање широка јавна расправа

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје бара повлекување на точката за преименување на улиците во град Скопје од дневниот ред. Шилегов својата неработа и неспособност после четири години не може да ја замачка и замаскира со потези како промена на имиња на улици, туку само може дополнително да пропаѓа.  Петре Шилегов гази по жртвата и по имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов, на Борис Сарафов, на Христо Батанџиев, на Мајка Тереза, на Киро Глигоров и на Борис Трајковски, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО- ДПМНЕ.

Жугиќ на прес конференцијата додаде:

Петре Шилегов со предлогот за преименување на улиците во градот Скопје прави апсурдни ситуации, предлага за имиња на улици странски претседатели, а го трга името на покојниот претседател Борис Трајковски.

Денеска, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, токму овде од булеварот кој го носи името на претседателот Борис Трајковски, организира протест против преименувањето на улиците и газењето врз целокупното македонско достоинство.
Борис Трајковски е втор претседател на Независна Република Македонија, тој на функцијата е избран на претседателските избори во 1999 година. Трајковски имаше огромна почит во регионот и светот, тој во 2002 година беше почесен витез на орденот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи од нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Истата година, Трајковски ја доби Светската методистичка награда за мир од страна на Светскиот методистички совет за неговата улога во унапредувањето на мирот и на политичката стабилност. Тој е одликуван и со голем број други награди, а најголема заслуга има во мирното разрешување на конфликтот во 2001 година.

Трајковски, почитувани скопјани е еден од темелите врз кои ја градиме нашата модерна државност, а Шилегов не смее да ја гази неговата посветеност, работа и жртва за Македонија.
Оттука уште еднаш го повикуваме Шилегов, повлечете ја точката за преименување на улиците од дневниот ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и немојте да газите врз луѓе кои животот го посветиле на Македонија.
Воедно бараме да се спроведе и широка јавна расправа во која ќе биде вклучен и Институтот за историја и други релевантни чинители, како и општините во градот Скопје, кои не се воопшто прашани за предлогот на градоначалникот Шилегов.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ