fbpx
пон. Мар 1st, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

МВР: 101 санкционирани возачи во Скопје: 12 без возачка, седум за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12, 7 санкции за непочитување на брзина на движење, три за технички неисправни возила за јавен превоз.
Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

фото: Архива