Актуелно

Се појави Сашо Мијалков, бил изолиран поради висока температура

Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура.

Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор.

Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за која даде изјава.

– Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи – вели Мијалков за телевизијата.

На почеток