Актуелно

(ВИДЕО) Санкционирани 74 возила што вршат јавен превоз

Министертвото за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  во периодот од 08 до 12 часот спроведе акциска контрола за контрола на возилата со кои се врши јавен превоз. При контролата санкционирани се 74 возила, најмногу (28) на територијата на СВР Тетово, 15 на територијата на СВР Штип. Од овие возила, 39 имале неисправен уред за кочење, пет неисправен уред за управување, како и други прекршоци, за кои се поднесени соодветни поднесоци.

Министертвото за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел обезбедување на поголема безбедност на патиштата во државата.

фото: Архива

На почеток