Актуелно

„А1он“: Приведен Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски и Александар Митевски од скопска кафеана

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“

„На 26.02.2021 година во 22.00 часот во УО ’Кај Џустра ‘ лоциран на ул.6 бб во село Стајковци, сопственост на Силвана Петковска. Во објектот се затекнати околу 20 лица кои се приведени во ПСОН Гази Баба поради непочитување на мерките за заштита од Ковид – 19,  за понатамошна постапка“, извести МВР.

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Извор: „А1он“

На почеток