Македонија

Заев за авансот за кинеските вакцини: Парите се тука на истата сметка, денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините

Премиерот Зоран Заев очекува вели дека очекува овие денови да има информација кога ќе почне утоварот на вакцините од Кина за Македонија. Откако Министерството за здравство го повлече авансот за кинеските вакцини, Заев денеска вели дека тоа е направено додека да се добие одговор од кинеското Министерство за надворешни работи.

„Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Не можеме да дозволиме пари да останат да „лежат“, затоа го повлековме авансот додека добиеме одговор. Денес очекуваме одговор на МНР на Кина за да ја продолжиме постапката. Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум кога ќе стигнат. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток“, рече Заев  одговарајќи на новинарски прашања по промовирање на проектот за реконструкција на Универзалната сала.

Премиерот потсети дека има и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а како што соопшти, формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“.

фото: Архива

На почеток