Магазин

(ВИДЕО) Добро сочувана кочија со еротски сцени, пронајдена во Помпеја

Кочија со железни елементи и бронзени украси е пронајдена во ископувања северно од Помпеја, надвор од ѕидовите на античкиот град, во близина на штала каде што претходно биле ископани остатоци од три коњи. Пајтонот е пронајден во вилата Цивита Јулијана, северно од Помпеја, а римската елита го користела за свечени прилики. Кочијата има бронзени украси во форма на еротски сцени на мажи и жени.

Пред неколку години, на истата локација биле пронајдени остатоци од три коњи, од кои едниот бил сè уште зауздан.

Помпеја се наоѓа во подножјето на планината Везув. Во ерупцијата во 79 година н.е., пепел, кал и лава ги покриле населените места и нивните жители, кои биле првпат ископани во 18 век.

фото: BBC

На почеток