Свет

СAД ќе воведат санкции против седум претставници на руската влада поради ситуацијата со Алексеј Навални

СAД ќе воведат санкции против седум претставници на руската влада поради ситуацијата со Алексеј Навални, изјави претставник на американската администрација.  Информацијата била соопштена за време на специјален телефонски состанок.

Како што се наведува, администрацијата на претседателот Џо Бајден сака односите меѓу Русија и САД да бидат стабилни и предвидливи, но нема да бара нивно ресетирање.

Американските власти усвоиле санкции против руски официјални лица и компании бидејќи заклучиле дека Русија се обидела да го убие опозицискиот лидер Алексеј Навални со нервен агенс, соопштија неименувани официјални лица од администрацијата на Бајден.

Претходно денеска, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва сигурно ќе одговори на евентуалните санкции што би ги вовеле Соединетите Американски Држави поради ситуацијата со осудениот Навални.

Лавров исто така додаде и дека САД немаат што конкретно да кажат во врска со наводите за наводното труење на Навални.

Извор: Макфакс

На почеток