Свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прими вакцината на „Астразенека“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се вакцинира против коронавирусот. Тој се надева дека давајќи личен пример ќе ги увери скептиците дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Украина само што започна со вакацинација на населението откако минатиот месец ја доби првата пратка од 500.000 вакцини на „Астразенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници од првата линија во борбата со вирусот и војската.

Сепак, владата се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината. Податоците покажуваат дека 47 проценти од населението не сака да се вакцинира.

фото: Агенции

На почеток