Брачна двојка од Битола се пожалила на инфицираност од коронавирус по враќањето од Занзибар. Сопругот е на 65-годишна возраст, инаку познат битолски стопанственик, сопственик на салон за мебел, објави Нова Македонија.
Симптомите најпрво ги пријавил уште кога биле на одмор во Занзибар, Танзанија,
заедно со сопругата. Од понеделникот тој е хоспитализиран на нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга е хоспитализирана во Скопје.
Дали 65-годишниот битолчанец го носи јужноафриканскиот сој ќе се дознае по утрешната типизација што ќе се прави МАНУ, а резултатите се очекуваат за два дена.
Пациентот засега е изолиран во посебна болничка соба, но докторите од струшката
болница чекаат одговор од ГОБ 8-ми септември во Скопје дали ќе има место за тој да биде примен таму.