Македонија

МЗ: Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански држави.

Мерката доаѓа откако медиумите објавија брачен пар кој бил на одмор во Занзибар, се вратиле во Македонија со симптоми на корона вирус, и најверојатно се работи за јужноафриканската мутација, која досега не беше регистрирана кај нас.

Од Министерството за здравство велат дека до овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот и дека во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на брисеви на двајца пациенти кои се вратиле од патување од Занзибар и се хоспитализирани со симптоми на вирусот.

фото: Архива

На почеток