Свет

Србија „се затвора“ од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот

Заврши седницата на Кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од сабота во 12 часот, пренесуваат српските медиуми.

– Во сабота сè ќе работи до 12 часот, а до понеделник, до 6 часот наутро, ќе работат само продавниците за храна, лекови и горива – рече членот на Кризниот штаб, Предраг Кон и додаде дека средните училишта од понеделник ќе бидат префрлени на часови преку Интернет.

Тој исто така објасни дека се разгледува можноста и за часови преку Интернет за децата од основно училиште, но дека предлогот не е прифатен.

Кризниот штаб повторно ќе се состане во вторник, рече Кон, додаде дека не сака да зборува за тоа што било зад вратите на состанокот.

– Сосема е сигурно дека имало размена и на енергични мислења. Резултатот е дека го имаме она што го пренесувам сега. Вторник е продолжение. Долгото затворање е тешка опција за Србија. Исто така е невозможно да не се реагира кога има зголемена активност на вирусот – додава тој.

фото: Radio Imotski

 

На почеток