Актуелно

Стоилковски: Рашковски нарачал софтвер кој што не функционира; Македонија тоне во корупција Јовески и Русковска не отвораат предмет

Молкот на петорката- Тендер, Рашковски, Заев, Јовески, Русковска, тактиката „молчи ќе потоне темата“ не смее да мине! Фрлени се пари во ветер во година на економска рецесија! Владата не купила готов софтвер, нефункционален за МВР, туку нарачала софтвер. Значи претходно дала спецификации како и што да работи тој софтвер. Ако го нарачале за МВР, зошто спецификациите кои што се дадени не одговараат со системот на МВР за Сејф Сити, безбеден град? Зошто не е направена набавка согласно спецификацијата на МВР, туку е набавено нешто кое што не се користи? Дали компанијата – добитник на тендер, основата само девет дена откако Рашковски иноваторот добива функција Генсек, не прашала за што и за која намена е софтверот, или добила целосна спецификација за работа, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додаде:

Дали тоа не води кон втора набавка наскоро – или на нов софтвер со потребните спецификации; Или за комплетна набавка на нов систем со нови апарати – камери? Дали на тоа не укажува изјавата на Зоран Заев при амнестирањето на Рашковски „не ни текнало нас така во владата ајде да направиме софтвер“ и понатаму зборува за „објектив којшто снима 360 степени“ исто како и апаратот на Рашковски да зборува, ама не и апаратите на МВР?

Фактите се следни: Драги Рашковски создал иновација систем од софтвер и хардвер токму како опишаниот од Заев, а е набавен софтвер кој што одговара на спецификацијата на измислениот од Драги Рашковски. Дали овие факти не водат кон нова набавка, дали некој како Драги Рашковски од тоа нема да има економски бенефит, дали само Рашковски би имал економски бенефит, ете за тоа треба одговори и да каже ЈО.

Одиме понатаму: Драги Рашковски во првичната изјава за медиуми вели требало да се направат неколку законски мали измени за да се стави софтверот кој што е набавен од него погон во камерите во МВР, и дека затоа софтверот не се користи. Прашањата кои што чекаат одговор, од Рашковски, Заев или од ЈО се: Зошто тие законски измени не се направени до сега, ако тендерот е распишан во ноември 2019, софтверот е набавен, односно платен февруари, 2020, со рок на испорака јуни/јули 2020? Кога го нарачувале, знаеле што е потребно, значи најмалку ОСУМ месеци имале пред да стигне софтверот, а од тогаш до сега уште осум месеци за ваквите законски измени за кои што софтверот според Драги Рашковски стои неупотребуван во МВР година и пол?
Имаа време за менување на Изборен Законик без опозиција во 5 минути пред избори, а за ова немале?

Рашковски нарачал софтвер кој што не функционира; Македонија тоне во корупција Јовески и Русковска не отвораат предмет. За овој предмет се заинтересираа медиуми кои што се спонзорирани и имаат голем одек кај меѓународната заедница, каде се рангира државата по корупција.

За овој предмет се заинтересираа и тимот на Фајненшл Тајмс. За овој предмет се заинтересираа сите, само не ЈО на Љубомир Јовески и ЈО за Организиран Криминал на Вилма Русковска. Двајцата со молкот и неповедувањето на истрага заради тоа што Рашковски е близок на Заев, а Заев отфрли секаков сомнеж, прават тешка злоупотреба на службената положба и ја кршат дадената заклетва.

Македонија тоне во криминал и корупција, Македонија тоне во случаи на висока корупција – корупција и криминал од власта, Брисел четврта година по ред чека на резултат во справување со високата корупција, и за тоа ЈО и ЈО за организиран криминал имаат најголем удел.

И по овој скандал за тендер Рашковски нема да е дел од предмет на ЈО. За да не биде дека гласот не допрел до нив, и материјалите од оваа прес конференција ќе им бидат испратени на меил адресите на ЈО и ЈО за организиран криминал.

видео: ВМРО ДПМНЕ

На почеток