Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.
Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на наплатна станица Отовица биле сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес.
фото: Архива