Македонија

Ивановска за предметот за Рашковски: Испративме барања институциите молчат

Договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во интервју за slobodnaevropa.mk. 

Ивановска вели дека до сега немаат одговори.

-Ние ги испративме нашите барања на крајот на минатата и почетокот на оваа недела, имаат законски рок од 15 дена, претпоставувам дека ќе почитуваат тој рок, дека нема да го надминат. Меѓутоа, некакви брзи одговори не сме добиле.

За Рашковски антикорупциската комисија досега отвори најмалку три предмети, покрај последниот за софтверот што МВР не го користи, претходно отворивте еден за исплата на државни пари на невладини организации во време на предизборна кампања по пријава на опозицијата и еден за набавката за радарските системи од италијанската фирма Леонардо.

-Првиот предмет што го спомнавте за исплата на граѓанските здруженија, тоа не е предмет отворен за Рашковски, туку за тоа беше пријава од оранизатор на политичка кампања односно од ВМРО-ДПМНЕ дека се исплатени буџетски средства во време на изборна кампања што е спротивно на изборниот законик. И ние таа пријава ја прифативме, донесовме одлука за прифаќање. Затоа што исплатата беше направена на први јули, а претходно беше склучен договор на половина на месец јуни. Рокот за исплатата беше 30 дена, што не укажуваше на никаква итност дека мора на први јули да се исплатат средствата, а второ не стануваше збор за некакви редовни субвенции или одливи од буџет што се прават во тек на изборна кампања, Значи и тој ризик го тргнавме на страна. Постоеше сомнеж дека се врши на некој начин поткуп на гласачите, и затоа ние го прифативме овој приговор. Меѓутоа истиот беше отфрлен од Управниот суд, затоа што Генералниот секретаријат си поднесе тужба според законот, до Управниот суд. Управниот суд на отворена седница, и ние бевме присутни, не ги прифати нашите аргументи, и ја отфрли нашата одлука.

Да, отворивме предмет и за Леонардо. Меѓутоа знате тој е малку покомплексен предмет. Ние го отворивме и од аспект на јавната набавка, на целата постапка за избор на „Леонардо“ како оператор од кој што требаше да се набави таа опрема, и тој е малку пообемен процес, и тој процес е завршен. Е сега вториот дел е кога Рашковски се вклучува и зошто се вклучува и зошто се одолговлекува времето на склучување на договорот, иако се склучува ист договор како и претходно што се сакало да се склучи, ни остануваат уште ситни детали, околу пет до десет проценти за целосна обработка на предметот, меѓутоа и тоа брзо ќе се заврши и ќе ги објавиме резултатите од тој предмет.

Текстот во целост на:slobodnaevropa.mk. 

На почеток