Свет

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во стампедо во Италија, пет се малолетни

Шест лица, од кои 5 малолетни, загинаа во стампедо што се случило на концерт во една дискотеката во малото крајбрежно гратче Кориналда во близина на Анкона во Италија, соопшти утрово полицијата.

Повредени се 118 лица, а меѓу загинатите се две момчиња и три девојчиња, сите малолетни и една жена која била во придружба на својата ќерка.

Чекајќи да почне концертот на италијанската раперска ѕвезда Сфера Ебаста, одеднаш настанала паника меѓу присутните поради наводен спреј испрскан во воздухот, т.н. бибер, по што младите гости панично почнале да бегаат кон излезите, но само еден бил отворен, а помошниот заклучен.

За сега нема информација колку години имаат жртвите, а не се знае ни колку лица имало во клубот.

Полицијата потврди дека меѓу повредените 12 се во критична состојба.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток