Медиасет

(ВИДЕО) Гуштери од скоро 2 метри во продавницата во Тајланд – вработените и клиентите се криле зад касата, додека животните пустошеле

Гуштери од скоро 2 метри во продавницата во Тајланд.  Гуштерите ползеле по полиците барајќи храна, а клиентите кои се нашле во маркетот воопшто не биле воодушевени, па почнале да викаат од страв и неверување.

Нарумпа Тангсин, кој ја снимил неверојатната сцена, вели дека не смеел да им приоѓа на влекачите затоа што можат да бидат опасни доколку се налутат.

Персоналот и клиентите се криле зад касата, додека животните туркале предмети и пустошеле низ маркетот.

Продавачот повикал полиција, која пристигнала со експерти кои ги фатиле влекачите.

Се верува дека тие влегле во маркетот во потрага по храна бидејќи суво време со многу малку дожд владее во Тајланд веќе неколку месеци, пренесува Мирор.

видео: YOU TUBE

На почеток