fbpx
пон. Мај 17th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВИДЕО: Рашковски води луксузен џип од 74 илјади евра, а никаде не го пријавил

„360 степени“ детално ја провери имотната состојба што Рашковски ја пријавил во Антикорупциската комисија. Од документите што ги обезбедивле преку барање за пристап до информации од јавен карактер, се гледа дека таму го нема џипот што го вози. Станува збор за „Волво XC 90“ од актуелната генерација на моделот. Најновиот основен модел вреди 74 000 евра.

Луксузен спортски теренец, знаменосец во понудата на шведскиот бренд „Волво“ – XC 90. Ваков џип вози Драги Рашковски, секретар во кабинетот на премиерот, а такво возило не фигурира во неговиот анкетен лист.

Извор, фото, видео: 360 степени