Медиасет

Чувар во трговски центар во Белград, се обидел да силува девојче во тоалетот

Морничава драма се одиграла во трговски центар во Белград, каде што ворасен човек се обидел да силува 10-годишно девојче. Мажот бил вработен во секторот за обезбедување во трговскиот центар на белградска Звездара. Тој е осомничен дека се обидел да силува десетгодишно девојче. Немилиот настан се случил синоќа околу 19 часот. На уапсениот му е одреден притвор до 48 часа.

Тој го повлекол девојчето кон тоалетот, но за среќа нејзината сестра успеала да види што се обидува да направи, објави српски „Курир“.

Девојчето целото се тресело од страв, а полицијата во многу брзо време го блокирала целиот трговски центар и го уапсила манијакот кого родителите на девојчето сакале да го линчуваат, поради што морало да биде извлечен со лифт преку гаражата.

Нападот се случил меѓу голем број деца и родители кои секојдневно доаѓаат во овој трговски центар каде што има игротека за деца и обезбедување.

фото: Архива

На почеток