Македонија

(ФОТО) Заев и Филипче даруваа крв

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче даруваме крв и сме првите дарители во реновираниот оддел за трансфузиологија при Општата Болница во Струмица, напиша на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.

Заев во објавата додава:

По цели 35 години Струмица добива целосно реновиран и опремен оддел за трансфузиологија кој ќе функционира во комплетно нови услови и ќе ги опслужува крводарителите од Струмица, но и од поширокиот регион. Со ова ги унапредуваме услугите на јавното здравство, ги зголемуваме капацитетите и ги подобруваме условите за работа на здравствените работници.

извор: ФБ Зоран Заев

На почеток