Свет

Бугарија пред нови избори – и бугарските социјалисти ќе го вратат мандатот

Бугарската социјалистичка партија (БСП) ќе го врати мандатот за формирање нова влада на претседателот Румен Радев на денот кога ќе го добијат. Ова беше објавено по вонредната седница на Пленумот на Социјалистичката партија, која траеше повеќе од 3 часа.

„Ќе го вратиме мандатот на 5 мај“, истакнаа од партијата, пренесоа бугарските медиуми.

108 членови на Пленумот гласале „за“ враќање на мандатот за формирање влада, „против“ – 0 и „воздржан“ – 5.

Претходно мандатот го вратија партијата на досегашниот премиер, Бојко Борисов (БНП) која освои најмногу гласови на изборите, а потоа и второпласираната Има таков народ на Слави Трифунов.

Откако социјалистите ќе го вратат мандатот, бугарскиот претседател Румен Радев, според уставот, ќе мора да го распушти парламентот и да распише нови избори во рок од два месеца.

 

фото: Архива

На почеток