Видео и Фото

ВИДЕО: Светиот оган пристигна во Скопје

На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски го донесе Светиот благодатен оган, кој го презеде на Меѓународниот аеродром во Атина од грчката државна делегација која го донесе од Ерусалим, каде на Велика Сабота се симнува во Христовиот гроб, а потоа се носи ширум светот.

По пристигнувањето директорот Сотировски светиот оган го предаде на неговото блаженство архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец и на свештеници од епархиите кои го однесоа низ градовите ширум државата.

Благодатниот Оган пристигна и во Бигорскиот манастир.

На почеток