Скопје

(ФОТО) Директорот на Зоолошка градина за Беличанец: Матер да и е**м на пијаницата

Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски преку социјалните мрежи упати пцости кон ексградоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец. Наспроти ова, изрази поддршка за сегашниот градоначалник Филип Темелковски. Во објавата, директорот на Зоолошка градина пишува дека Беличанец била пијаница, а притоа, и се изнае*ала на општината.

„Глупаво изгледа 15 години што сите ќутеле и ниеднаш не и се обратиле од страв на таа пијаницата што беше градоначалничка и мајка што и наеба на општинава. Сега некој што транспарентно и искрено се нафаќа да го реши у прва година проблемот, одма протести? Нејасно, Ама ок е. Кисела вода ќе победи“, пишува Галетановски.

Под објава, тој продолжува со „сочната“ пцовка па пишува „Да и е**м матар на таа“, откако негов пријател на социјалните мрежи напиша „Јас ја избркав Беличанец од Центарот за зависници, оти лошо влијаеше и требаше да ја сместиме во него“.

Ѓорѓи Галетановски – Чомбе е новиот директор на Зоолошката градина во Скопје, доаѓајќи на местото на Јорданчо Милошевски, а поставен од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Дискусијата на социјалните мрежи, директорот на Зоолошка градина ја започна како коментар за протестите кои се одржуваат во Кисела Вода, преку кој жителите бараат да се дислоцира Центарот за зависници.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток