Свет

На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата

На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска.

Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку поради пандемијата.

Тоа значи дека пандемијата погодила 1,6 милијарди возрасни низ целиот свет.

– Во целиот свет тие проценти се движеа од 76 проценти во Тајланд до 10 проценти во Швајцарија, соопшти Галуп.

Кризата предизвикана од коронавирусот особено ги погоди жените, кои главно се вработени во ниско платени сектори, како што се малопродажба, туризам и услуги за храна.

Во САД 39 проценти од населението привремено престанало да работи поради пандемијата.

фото: Depositphotos

 

На почеток