Македонија

Утрово во Галичник е мирно, сите жаришта се згаснати

Утрово во Галичник е мирно. Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК, стои во објавата од МЗ Галичник.

Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати.\

фото: ФБ МЗ Галичник

На почеток