fbpx
пон. Мај 17th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Кузеска: Рано е да се зборува за коалиции за локалните избори

Во овој момент уште е рано да се зборува за коалиции за локалните избори, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на новинарско прашање кога СДСМ ќе ги објави кандидатите за градоначалници и дали се можни предизборни коалицирања со партии кои сега не се во владејачката коалиција.

„Во однос на коалицирањето, рано е да се зборува во овој момент. СДСМ дефинитивно е фаворит на престојните локални избори, имаме воведено повеќе начини меѓукои и мерит системот, како што се мери работата на градоначалниците, преку тој систем се бара одговорност, но и се мотивира за побрзо да се релизираат сите проекти коишто ги започнале и кои ги ветиле“, рече таа.

После Конгресот закажан за 16 мај, додаде Кузеска, ќе влеземе во фаза на филтрирање на кандидатите за градоначалници, ќе бидат спроведени анкети во општините и преку дигиталниот систем ќе бидат анкетирани и членовите на СДСМ сѐ со цел да се дојде до најдобрите кандидати.

На прашање дали СДСМ ќе ги поддржи напорите за отворени листи на лоланите избори, Кузеска рече дека веруваат дека оваа нивна интенција ќе биде прифатена.

„Ние сме за, сѐ со цел да се дојде до најквалитетните луѓе со коишто ќе раководат со општините во Советите“, рече Кузеска.

видео: СДСМ