fbpx
пон. Мај 17th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации

Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната #Ковид19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

– Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како јавно добро” е повик за афирмирање на важноста за негување на информациите како јавно добро. Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи од политички пристисоци и влијанија. Институциите се должни да создадат демократска атмосфера за остварување на професионално новинарство. Тоа е нужно за да имаме медиумска етика и информирано јавно мислење, објави на својот Фејсбук профил Пендаровски