fbpx
нед. Мај 16th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Разбиен глобален педофилски ланец во Германија

Германската полиција уапси тројца мажи, а четвртиот е во Парагвај, за наводно водење на една од најголемите мрежи во светот за размена на слики од сексуално злоставување на деца. Цел на меѓународната операција била веб-платформата наречена „Бојстаун“, која сега е отстранета, а имала повеќе од 400.000 регистрирани корисници, пренесува Би-Би-Си.

Официјални лица велат дека некои слики објавени на платформата содржат најтешки форми на сексуална злоупотреба на мали деца.

Во истрагата биле вклучени Холандија, Шведска, Австралија, САД и Канада, предводени од Германија.

Фото: DW