fbpx
пон. Мај 17th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Започна масовната вакцинација во Охрид

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утрово започна масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.

Првата пратка од 7200 вакцини од производителот “Синофарм” пристигна вчера.

Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.

„Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој од рано утрово е во центарот за вакцинација.