Коментари

Јоци: БЦ ќе формирал партија⁉️ Хехехе… Он толку е мрзлив, да тешко дека ќе води партии на 60 години

БЦ ќе формирал партија⁉️ Хехехе… Он толку е мрзлив, да тешко дека ќе води партии на 60 години.
Но, дека ќе состават листи за локални со Софка на чело во Скопје, нешто за кое се зборува одамна, за да поделат гласови на СДСМ во гл.град, тоа е веќе поверно, хехехе…., напиша на својот ФБ новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

Јоци во објавата додава:

Есапов е ваков – бранковите куклички ќе земат некои гласови на СДСМ (околу два советника) Апасиев на вмровци (исто два советника). И во двата случаи станува збор за опозиција.
Папазјанија, секако.

Не може да се предвиди кој ќе има мнозинство во Совет на Скопје, а кој ќе биде градоначалник.
Не значи дека гласачите на БЦ и оние на Апасиев за листи ќе заокружат и за кандидатот за градоначалник на вмровци. А, можеби и ќе гласаат…но, во никој случај партиите не си ги носат гласовите во џепче.
Ќе треба БЦ кукличките од листа да повикаат да се гласа за вмровскиот кандидат. Таа функција е трофејот.
Баш ме интересира како сево ова ќе се изигра и ќе заврши.

извор: ФБ Јорданка Ивановски Јоци

На почеток