Свет

(ВИДЕО) Кинеската ракета тешка 21 тон, лансирана минатиот четврток, паѓа неконтролирано – може да падне и врз населена област

Кинеската ракета „Долг марш 5Б“ тешка 21 тон, лансирана минатиот четврток, паѓа неконтролирано и се очекува да се сруши на површината на Земјата во наредните денови. Експертите предупредуваат дека може да падне и врз населена област. Астронаутот Џонатан Мекдауел за „Спејсњуз“ изјави областа во која ракетата може да се сруши се протега северно од Њујорк преку Мадрид, Пекинг и сè до јужниот дел на Чиле и Велингтон на Нов Зеланд.

Иако поголемиот дел од ракетата од 30 метри ќе изгори кога ќе влезе во атмосферата, нејзините остатоци може да паднат на споменатата област, која е многу населена. Ракетата во моментов патува со брзина од околу шест километри во секунда, пишува „Дејли мејл“.

Кинезите веќе имаа тешкотии со споменатиот модел на ракетата за време на контролираниот пад на Земјата. Во мај 2020 година ракетата се урна неконтролирано во морето во близина на Мавританија во Африка, додека нејзините остатоци летаа над Лос Анџелес и Њујорк.

извор: Макфакс

На почеток