Свет

(ВИДЕО) Израелската војска влезе во џамијата Ал Акса во Ерусалим – Зошто за тоа свето место со векови се водат војни?

Израелските одбранбени сили, доцна синоќа или рано утрово, упаднаа во комплексот околу џамијата Ал Акса во Ерусалим, откако Хамас го ракетираше Тел Авив.

Претходно, Израел погоди една висококатница од 13 ката во Газа, поради сомневање дека милитантите на Хамас имале седишта во тој објект.

 

Инаку, џамијата Ал-Акса се смета за трето најсвето место во исламот, а Евреите исто така ја почитуваат Храмовата гора како нивно најсветото место, каде што беа изградени и двата библиски храма. Конечниот изглед местото го добило во 11 век, објави vocentar.com. 

Со оглед на заемно спротивставените присвојувања на Евреите и Муслиманите, тоа место се смета за едно од најконтроверзните верски места во светот. Тоа е под израелска власт од 1967 година, а Израел и палестинските власти тврдат дека имаат суверенитет над него, што е една од главните точки на арапско-израелскиот конфликт.

Муслиманскиот совет, познат како муслимански вакуф, управува со локалитетот. Израелската влада, исто така, спроведува контроверзна забрана за молитва за посетителите кои не се муслимани.

Како и многу делови на Ерусалим, сите три аврамовски религии, јудеизмот, христијанството и исламот, местото го сметаат за свет простор. Во него се наоѓал еврејски храм кој бил срушен од Римјаните по неуспешното востание, христијаните го почитуваат затоа што Исус често го посетувал, а исто така тоа е местото од каде муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед се издигнал на небото.

Спорот во тој кварт се однесува на сопственоста на земјиштето на кое се изградени куќи на четири палестински семејства, на кои им се заканува иселување со цел еврејските доселеници да се преселат таму.

Текстот во целост на: vocentar.com. 

Фото: Al Jazeera

 

На почеток