Актуелно

(ФОТО) Хортикултурно уредување на фонтаните во Аеродром

Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ денес доби сосема нов лик. Прерасна во прекрасно катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.

„Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Општина Аеродром останува посветена на создавање нови зелени површини и хортикултурно уредени катчиња. Вложувањето во животната средина е трајна придобивка на сите сегашни и идни генерации.

На почеток