Свет

Осум годишна Лина до својот татко: Може ли Израел да ја уништи нашата зграда ако немаме струја?

Тал Ал-Хава, Појасот Газа – во вторникот вечерта, мојата жена заедно со нашите шест деца и јас, се собравме во дневната соба од нашиот стан, место кое најмалку веројатно може да биде погодено од залутаните израелски ракети или од шрапнелите кои се распрскуваат. Го гледавме во живо на Al Jazeera уништувањето на Ал-Хавхара, една од најголемите згради од страна на израелските воени авиони, откако снема струја, објави antropol.mk. 

Мојата осум годишна Лина, ме праша: „Дали тие можат да ја уништат нашата зграда, сега кога немаме струја?”

Следниот ден, среда, ќе беше роденден на Амал, која требаше да наполни шест години и последните две години имаше навика да поминува шест месеци планираjќи го својот следен роденден, проследено со наредни шест месеци да се потсеќа на роденденската прослава. Таа е потивка од нејзината сестра Лина и малку наивна за светот околу неjзе. Би сакал да беше малку повеќе наивна.

Кога Амал се разбуди во средата, таа не ја побара својата роденденска торта, ниту пак свеќите. Како да знаеше дека нешто не е во ред. Го почувствува стравот во домот, слушајќи ги постојаните бомбардирања. Мојата сопруга Нусајба, во секој случај инсистираше за прослава. „Треба да биде ден на надеж”, рече таа. Секако, десетици семејства ги загубија своите домови во Газа изминативе неколку дена, голем број луѓе починаа, не е време за прослави или торти. „Но, не можеме да му попуштиме на Израел”, рече Нусајба.

Ги купив омилените бадеми од Јордан и чоколадни бисквити за Амал. Кога се вратив, се потрудивме да направиме потивка изведба на „Сена Хелва” („Среќен Роденден”), со далеку помала нежност од вообичаената. Амал се насмевна збунето. Ја погледнав и и’ ветив дека ќе ја однесам да ја земе најголемата торта откако „ова” ќе заврши. Во понеделникот, откако нападите зачестија, не им ги раскажував приспивните приказни на моите деца. Тоа беше грешка која ќе се обидам да не ја повторам никогаш.

Текстот во целост на:antropol.mk. 

На почеток