Медиасет

(ВИДЕО) Живот во војна – татко го гушка своето бебе со цел да го заштити од ракетите

На социјалните мрежи објавено  е трогателно видео. На снимките кои ги објавија израелските одбранбени сили (ИДФ), на шестиот ден меѓу судирите меѓу Израел и Палестина, може да се види татко со својот тукушто роден син, како се крие, бегајќи од ракетите.

Таткото непосредно пред нападот се возел со автомобил заедно со своето бебе, кога одеднаш почнуваат да се слушаат звуци на ракети. Тие, бегајќи од ракетите, се сокриваат меѓу двете ленти од патот.

Таткото цело време го држи во прегратка својот син, штитејќи го со своето тело од потенцијални удари, а бебето седи сосема мирно.

Во коментарите на социјалните мрежи многу луѓе се изненадени од храброста на таткото, но потсетуваат дека ова се случува меѓу недолжните граѓани од двете страни на пресметките, и ги повикуваат Израел и Палестина да престанат судирите.

На почеток