Скопје

Протести во Скопје за поддршка на палестинскиот народ

На плоштадот во Скопје попладнево се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Групата која носеше транспаренти „Крај на опсадата“ , „Смрт на фашизмот“, „Слобода за Палестина“ беше организирана од социјалниот центар „Дуња“, од каде повикаа да престане иселувањето и узурпацијата на палестинските домови, објави 360stepeni.mk.

„Стоп за окупацијата на Газа. Стоп за бомбардирањето и стоп за присилното иселување. Нема место во 21 век за етнички чисти територии. Големите идеи за големи држави, етнички чисти треба да сотанат во минатото. После Белград, Сараево, Приштина и Љубљана и тука во Скопје го дигаме гласот во заштита на обесправените народи“ порача еден од учесниците на протестниот собир.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

На почеток