Коментари

Радмила и честиташе на Лукаревска, која го зазема нејзното место во СДСМ

Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните, напиша на својот ФБ профил досегашниот подпретседател на СДСМ Радмила Шекеринска.

Шекеринска во објавата додава:

Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат.
Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно.
Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани.
Да живее СДСМ!

На почеток