Актуелно

Kоалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Судството СДСМ-ДУИ донесе слобода за криминалци и ги гони граѓаните

Драги Рашковски се враќа дома. Уште еден од главните криминалци на Владата кој со парите на граѓаните стана милионер, одмараше во Мексико и купува луксузни станови и возила, се спаси од политичкото судство на СДСМ и ДУИ. Ослободувањето на Рашковски од Шутка доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев дека не и верува на обвинителката, туку верува дека Рашковски е невин, се вели во соопштението од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во продолжение на истата од коалицијата додаваат:

Владата СДСМ-ДУИ досега ги ослободил, амнестирал, или спасил во различни форми сите поранешни и актуелни функционери, од секаква одговорност пред законот.

Потсетуваме дека министер за надворешни работи е “пациентот” за кого Заев изјавил дека поседува докази за криминал.

Никола Груевски, денеска се шета слободно во Унгарија, ниту еден функционер на ДУИ не е осуден за ниту еден од случаите во прислушуваните разговори. Со политички договор се амнестираа процеси како тој за пописот, Маџар Телеком и многу други случаи.

Сашо Мијалков кој исценираше случаи против албанците и другите граѓани, кога сака се појавува и кога сака излегува од затвор. Наскоро и тој ќе излезе од Шутка. Од друга страна, албанците од монтираните процеси со години страдаат по затвори.

На почеток