Магазин

Средба со писателката Драгица Најческа

Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 13 декември (четврток) со почеток во 12 часот ќе се одржи средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација.

За творечкиот опус и ликот на писателката ќе говори поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата ќе се промовира и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро“ за кој ќе зборува писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска.

Извадок од романот и избор од поезијата на авторката ќе прочита актерката Вирџинија Ристеска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток