Македонија

Ангеловски и Пандев го прекршиле ригорозниот ковид-протокол

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против Украина, го прекршиле ригорозниот ковид-протокол.

Македонија, вчера доживеа пораз од Украина (1:2). До крајот на првенството, Македонија ќе гостува кај Холандија на 21.јуни.

Ангеловски и Пандев, со сопругите, биле на вечера во луксузен ресторан.  Моментот го „уловиле“ романските медиуми.

Прашање е дали и како ќе реагира УЕФА, бидејќи селекторот и капитенот ги прекршиле ковид-протоколите и го напуштиле „меурот“.

To Top