fbpx
чет. Јул 29th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Министерот за правда на Црна Гора е сменет од функцијата, затоа што одби да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во Сребреница геноцид, објави „Б92“.

Парламентот на Црна Гора синоќа усвои резолуција за Сребреница со мнозинство гласови, на предлог на опозициската Бошњачка партија.

Милан Кнежевиќ од Демократскиот фронт утрово во интервју за „ТВ Прва“ изјави дека никој од граѓаните кои гласале за промени во Црна Гора и против Мило Ѓукановиќ не може да помисли дека парламентарното мнозинство ќе ги прогласи Србија и српскиот народ за геноцидни.

„Чувствувам одредена доза на срам иако гласав против таа резолуција. Сакам да се извинам на цела Србија и на српскиот народ за она што се случи во парламентот, бидејќи тоа не е мнозинството на Црна Гора“, рече Кнежевиќ.

Кнежевиќ, исто така, нагласи дека е ставен под знак прашалник и легитимитетот на претседателот на собранието, Алекса Бечиќ, бидејќи неговата партија, заедно со ДПС, гласале за резолуцијата.