Актуелно

Георгиески: Реконструираниот базен во Св. Еразмо, значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” е ризница на квалитет, хуманост и стручност веќе седум децении и е вистинска гордост за нашиот здравствен систем, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

✅Реконструираниот базен за физикална терапија значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите и е од големо значење за развојот на здравствениот туризам во Охрид.
💙Искрено се радувам што преку заедничка соработка одлучивме средствата обезбедени преку грантовата шема за инвестициски проекти за одржлив и рамномерен регионален развој, да ги инвестираме токму тука.
🤝Упатувам благодарност до Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка, Центарот за развој на југозападниот плански регион и до работните групи кои беа вклучени во аплицирањето и имплементацијата на проектот.
➡️Се надевам дека и во иднина ќе можеме да реализираме вакви заеднички проекти кои се од големо значење за нашите жители и за целиот регион.

На почеток