Слајдер

Видео: Ужасни сцени со насилство врз италијанските навивачи по финалето на ЕУРО 2020

На социјалните мрежи се појавија ужасни сцени на насилство од страна на англиски хулигани врз навивачите на Италија, после финалето на ЕУРО 2020 одиграно на Вембли во Лондон. Од она што може да се забележи на видео снимката, група од англиски хулигани ги пречекале италијанските навивачи на излезите од стадионот и безмилосно ги удираат.

Нов европски првак во фудбал е Италија, совладувајќи ја вчера во Лондон репрезентацијата на Англија со 3:2 на пенали, откако финалето пред 60.000 гледачи на „Вембли“ по 120 минути игра заврши 1:1.

За Италија, која ја продолжи својата серија без пораз на 34 натпревари, ова беше четврто финале, по европската титула во 1968, и двата порази во финалните натпревари во 2000 и 2012 година.

Вчера Англија го играше своето прво финале во историјата на Европските првенства, а досега најголемиот успех го постигна во 1968 година кога заврши како третопласирана, додека во 1996 беше елиминирана во полуфиналето.

На почеток