Македонија

Пожар во атарот на општина Карбинци, опожарени две вили

Една вила целосно изгоре, а другата е сериозно оштетена од пожарот што доцна попладнево го зафати атарот на општина Карбинци. Поради ветрот зафатени се големи површини со земјоделско земјиште, а во опасност беа доведени и објекти.

Огнот стигна до препупната станица во село Радање. Тука се вклучило и месното население, но проблем беа шумските појаси каде имаше пламени и по неколку метри. Засега не се знаат причините за пожарот.

 

извор и видео: 24.мк

На почеток