Свет

Вратете се од годишен одмор до 15 август – предупредуваат епидемиолозите

Епидемиолошката состојба во Словенија се влошува последните денови.

Само во последните 24 часа се потврдени 111 нови инфекции.

Епидемиологот Милан Крек, кој го води словенечкиот институт за јавно здравје, им препорача на сите Словенци да не одат на одмор во странство по 15-ти август.

Препорачувам секој што ќе замине на одмор во странство да се врати до 15 август, рече Крек на владината прес-конференција за опасностите од новиот бран поради варијантата делта, како и за потребата од забрзување на вакцинацијата на населението како есента би била безбедна.

Бидејќи тој не спомна на кои туристички дестинации мислеше, но и не прецизираше дали им препорачува да останат дома и на оние кои биле вакцинирани, имаше многу реакции на неговите изјава.

Министерот за здравство Јанез Поклокар изјави дека Крек сакал да ги предупреди оние кои заминуваат во странство дека ниту една земја, па дури ниту оние со повисока стапка на вакцинација од Словенија, не го достигнале потребниот колективен имунитет или посакуваното ниво на вакцинација што би ги заштитило луѓето од позаразните варијанти и дека предупредувањето треба да се сфати како желба да нема затворање на воспитно-образовниот систем наесен, како во дел од минатата и оваа година.

извор/фото: во центар

На почеток