Коментари

Апасиев ја „спука“ со Џафери: Карма е кучка!

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев со нова порака со собранискиот спикер, Талат Џафери. Овојпат, налутен бидејќи, како што пишува, исчезнале амандманите за Законот за лична карта.

„Амандманите на пратениците на Левица на Законот за лична карта „исчезнале“ при преносот од собраниската архива до кабинетот на Џафери!? Дечки, се врти колцето бе. Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт. Ондак, ќе ви поставиме канти у ходник и сами ќе си ги фрлате. Ич да не се мачиме. Фараоне Талат Џафери ќе кркнеш још једна кривична за узурпација на уставното право на пратеник да предлага амандмани! Гадно си се заебал ако мислиш со нас вака да се заебаваш. #КармаЕКучка“, напиша Апасиев на „Фејсбук“.

На почеток