Свет

Околу 19.000 луѓе од Австрија присуствувале на музички фестивал во Хрватска, многумина се вратиле заразени со коронавирус

Откако минатата недела околу 19.000 луѓе од Австрија присуствувале на музички фестивал во Хрватска, многумина се вратиле во Австрија заразени со коронавирус.

Во седум од деветте австриски покраини се регистрирани заболени кои се вратиле од хрватскиот остров Паг, а досега ги има повеќе од 100.

Експертите веруваат дека бројот на заразени лица кои се вратиле од тој фестивал во Австрија е далеку поголем, па затоа посетителите на фестивалот се јавно повикани на тестирање.

Станува збор за фестивалот „Austria goes Zrce“, што се одржа на островот Паг, каде забавата продолжи и откако 21-годишен Австриец се удави во морето.

фото: Festime.net

На почеток