Македонија

ФОТО: Коста Петров ги скрши двете раце

Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на Кеј и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа, напиша на својот ФБ профил Коста Петров.

Тој во објавата додава:

Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до Др. Александар Трајановски и Др. Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо.

На почеток