Македонија

Локалните избори Џафери ќе ги распише на 6 август

Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги распише локалните избори во петок на 6 август. Првиот круг на изборите ќе ги закаже за 17 октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување, рече Џафери на брифингот со новинарите.

Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години, кажа Џафери.

To Top